
Високите температури не ги спречија граѓаните да ги набават потребните производи на градскиот пазар во Штип и овој петок. Производителите велат дека побарувачка има, но многу повеќе во утринските часови поради пониските температури.
Граѓаните најмногу купуваат овошје: праски, банани, лимон, лубеници, дињи.
Промена на цените во споредба со минатиот петок нема и истите не се високи. Сепак за граѓаните стандардот е висок, а платите ниски.
Инаку, повеќето произведувачи на градскиот пазар денес беа од околината на градот Штип и тие за земјоделството сметаат дека не е многу исплатлив начин да се заработи, но најповолен.
„Причината за ваквата состојба се неповолните временски услови годинава, особено недостатокот од дожд.“, велат производителите.
Лаура Стојанова М-Нет