Христина Серафимовска и Никола Костадинов се нови советници во Советот на Општина Штип

Христина Серафимовска и Никола Костадинов се новите советници во Советот на Општина Штип, откако Дејанчо Здравко и Владко Захариев си поднесоа писмени оставки. Двајцата нови советници се од редовите на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Обнова за Македонија, согласно листата од последните локални избори од 2021 година. На Христина Серафимовска ова и е втор мандат во штипскиот совет. Претходно беше во советот во периодот од 2017 до 2021 година. Таа е вработена како професор на УГД и е актуелна претседателка на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ. Никола Костадинов е физијатар, вработен во КБ Штип, а беше во трка и за директорската фотелја на оваа институција.

Дејанчо Здравков и Владко Захариев заминаа од советничките места бидејќи во изминатиот период добија директорски функции. Здравков е прв човек на КПУ Затвор Штип, додека Захариев седна во директорската фотелја на Клиничка болница Штип.

Претходната промена на советнички места беше кога Душко Иванов доби пратеничко место, а на негово место во Советот на Општина Штип седна Баже Анакиев.

Лаура Стојанова М-Нет