
Откако се изврши ждрепката за новата прволигашка сезона фудбалските прволигаши ги привршуваат подготовките за старт на новата сезона. Тимот на штипска Брегалница по 4 сезони се враќа на прволигашката карта на Македонија таму каде што им е местото а чаршиските муабети велат дека конечно е дојдено времето Брегалница да ги покаже своите „заби“ и да покаже и докаже дека е фудбалски колектив за респект и почит. Распоредот на натпреварите вели дека Брегалница во првото коло на „градски“ во Штик на 8 август ќе го дочека вицешампионот Шкупи кој по квалификациските европски натпревари е малку „раштиман“. Во второто коло Брегалница ќе гостува на Скопје, во третото ќе биде домакин на актуелниот шампион Шкендија која исто така одигра катастрофални европски средби. Во 4 коло Брегалница ќе гостува во Велес , во 5 коло на „градски“ во Штип доаѓаат „академците„ на Пандев, во 6 коло Брегалница ќе гостува на Работнички. Во 7 коло во Штип доаѓа Тиквеш, а во 8 коло „сините“ ќе гостуваат на Ренова. Следуваат два домашни натпревари, во 9 коло ќе гостува во Штип Струга ТЛ за да во 10 коло повторно во Штип ќе гостува Македонија ЃП. Последното 11 коло од првиот круг Брегалница ќе го одигра на гости кај Пелистер. Инаку во есенскиот дел ќе се одиграат вкупно 18 кола, првото ќе се одигра на 8 август со почеток во 17.30 ч. а 18 коло ќе се одигра на 12 декември со почеток во 13.00 часот со мечот Тиквеш – Брегалница. Пролетниот дел во оваа сезона ќе започне на 13 февруари 2022 г. во 14.00 часот со одигрување на 19 коло во кое ќе се сретнат Брегалница – Ренова. Инаку во оваа сезона настапуваат 12 екипи, ќе се одиграат два круга по 11 кола а ќе се одигра и трет круг со 11 кола по Бергеровиот систем или севкупно ќе се одиграат 33 прволигашки кола.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk