ВМРО ДПМНЕ делеа вода за пиење на градскиот пазар во Штип

Трет ден нашата држава е во портоколава фаза и под препораки од Министерството за здравство и Владата за заштита од високи температури. Во Општина Штип според Управата за хидрометеоролошки работи денеска дневната максимална температура го надмина и 40тиот степен.

Но, потребите на граѓаните да го посетат градскиот пазар и да ги задоволат своите потреби од основни продукти беше задолжителна. Затоа, денеска од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип се делеа шишенца вода.

„Додека ниту една фонтана во градот не работи, се врши рестрикција на водата за пиење, градоначалникот веќе подолг период не може да го видиме во нашиот град, а знаеме дека Македонија влезе во портокалова фаза, ВМРО ДПМНЕ како одговорна партија помогната со Унијата на млади сили, решивме денеска да ја спроведеме оваа акција на делење на вода за пиење во близина на градскиот пазар, со цел барем малку да и помогнеме на нашите сограѓани и полесно да се справат со овие огромни горештини“ – истакна Игор Ефтимов од OK ВМРО-ДПМНЕ.

Портокаловата фаза продолжува до недела до кога и важат сегашните препораки за заштита од високи температури.

Лаура Стојанова М-Нет