Фудбалот во Виница се сака, стадионот се полни со навивачи, младинската школа работи со многу фудбалери

Фудбалот во Виница се сака, а трибината на Градскиот стадион се полни со поддршка за ФК Слога, иако клубот моментално е во Трета лига – Исток, вели тренерот Емил Грнев.

„Тоа што можев да го видам овие четири, пет месеци колку што сум таму интерес има, бидејќи не видов дека има друг спорт освен фудбалот во Виница. Фудбалот досега се сака, јас бев изненаден, а и вие бевте на натпреварот со Светлост Зрновци, заинтересираност, гледаност е голема. Мислам дека толку публика не се собира ниту на прволигашките натпревари. Ако погледнеме Работнички пред колку публика игра, но и другите екипи, заразлика од нив јас се изненадив дека има доста љубители на фудбалот, го сакаат клубот макар и што моментално е во Трета лига, се надевам дека ќе доаѓаат во поголем број, а за да биде тоа, за да биде остварливо нормално зависи од резултатите. Доколку успееме, а се надеваме и силно веруваме во тоа дека ќе избориме пласман во Втора лига, дека ќе има и поголема посетеност на натпреварите“, вели Грнев во гостувањето во Трибина на М Нет телевизија.

Школата на Слога Виница работи одлично, со деца во сите категории, а Грнев за М Нет вели дека во сениорската екипа има приклучено шест со седум млади играчи.

„Што се однесува до млади исто така сум изненаден, школата работи одлично, функционираат си имаат дечиња во сите категории мислам околу 100 до 150 дечиња ги посетуваат тренинзите. Јас во првиот тим имам во сениорската екипа имам приклучено шест до седум млади играчи кои што имаат право да се натпреваруваат во младинската лига, а имаат минутажа некоја добиено од натпреварите чисто да осетат сениорски фудбал“, подолнува штипскиот стратег.

Слога Виница е есенски шампион во Трета лига – Исток, тоа што го потенцираше и Грнев во гостувањето во спортскиот магазин „Трибина“ е дека клубот работи на квалитетни засилувања со второлигашко и прволигашко искуство во сите линии.

Александар Ванев, М-Нет