Фудбалерките на Саса го „треснаа“ шампионот Љуботен и го спуштија на третото место, Тиверија Брера незапирлива!

ФОТО: ЖФК Тиверија Брера

13-тото коло во Првата женска фудбалска лига го донесе дербито на колото кое се играше во Македонска Каменица, каде ланскиот вицашампион Каменица Саса со 2:1 го совлада актуелниот шампион Љуботен, но и го спушти на третото место.

Шампионот од Тетово го доживеа првиот сезонски пораз, а ваквиот резултат ја искачи Саса на второто место.

Тиверија Брера дојде до нова победа откако во Битола со резултат од 1:3 славеше над Топ Гол, па со тоа струмичкиот тим останува осамен на врвот од табелата со 34 бодови на своето конто и единствен непоразен тим во фудбалската елита во женска конкуренција.

Оваа коло ја донесе и високата победа на Скопје на домашен терен од 3:0 над повратникот Атлетико од Битола, а висока и сигурна победа славеше Истатов на гостувањето кај Речица со резултат од 2:4.

Ваквите резултати направија промена на табелата. Тиверија Брера останува на врвот со 34 бодови, Саса е втора со 30 бодови, трет е шампионот Љуботен со 28 бодови, додека пак на четвртото место е екипата на Скопје со 24 бодови на своето конто.

Овие екипи всушност и се одлепија на табелата. На 5. место на табелата е екипата на Истатов која собра 13 бодови и одново нов пресек каде екипата на Топ Гол е шестта со осум бодови. На седмото место е Атлетико со седум бодови, Ас Јунајтед е осми со шест бодови, Речица е претпоследна или во бараж зоната за опстанок со три бодови, формално на последното место е откажата Шкендија, што значи директно испаѓање ќе нема, односно ќе треба да се избегне само претпоследното место кое води кон баражот за опстанок.

Александар Ванев, М-Нет