Штип е првата општина која доби пет контејнери за собирање текстилен отпад

Штип е првата општина во државата која доби пет контејнери за собирање и одложување на текстилен отпад. Станува збор за донација од фирма која понатаму ќе го собира отпадот и соодветно ќе го третира. Целта е да се собира и рециклира текстилниот отпад.

„Сведоци сме на донација на пет контејнери кои се наменети за собирање на текстилен отпад. Истите ќе бидат поставени на пет локации во градот и дополнително ќе биде обезбедено еден генерално собирно место на кое целиот текстилен отпад ќе биде одложен.“ – вели Арсовски.

Целта на поставувањето на овие контејнери е да се рециклира текстилниот отпад, односно истиот да не завршува на депонијата заедно со целиот останат отпад. Мешовитиот текстиелн отпад ќе се согорува, а другиот дел од текстилниот отпад ќе се извезува за Турција и таму ќе се преработува.

Проектот продолжува и во останатите општини каде ќе се постват вакви контејнери за собирање текстилен отпад. Заинтересираност од страна на општините има, а утре контејнери ќе се постават и во Арачиново.

Лаура Стојанова М-Нет