ФОТО: Слога и Силекс одиграа „нула“ на пријателскиот меч со хуманитарен карактер во Виница

Денес во Виница се одигра пријателски меч меѓу второлигашот Слога и прволигашот Силекс кој заврши без погодоци и без победник (0:0).

Овој меч беше од хуманитарен карактер за што објави и телевизија М Нет, која го најави и овој пријателски меч кој се одигра денес.

Тренерите и на двете екипи им дадоа шанса на сите фудбалери со кои располагаат во моментот, а резултатот беше во втор план. Двете мрежи мируваа и на двете страни, а навивачите и публиката уживаше во одличен фудбал.

Од Слога се заблагодарија на екипата на Силекс која прифати да одигра пријателски меч и му посакаа на кратовскиот прволигаш успешни подготовки во Анталија, а од виничкиот второлигаш информираат дека собраните средства се предадени на оние на кои им беа најпотребни.