Професорите од февруари ќе полагаат менаџерски испит, учебната година официјално до 14 јуни

Наскоро ќе се објави повикот за избор на учебник по англиски јазик и проблемот со учебниците за странски јазици ќе се реши, најави министерот за образование и наука, Јетон Шаќири при посетата на Штипскиот универзитет. Според него, новиот закон за учебници за основно и средно образование ќе ги елиминира сите грешки и проблеми при подготовката на учебниците.

Шаќири најави и дека професорите од февруари конечно ќе можат да полагаат менаџерски испит, како и приправнички испити.

Исто така, министерот ја потврди одлуката дека учебната година ќе заврши на 14 јуни, а Одлуката е објавена во Службен весник.

Ребека Спасова М-Нет