
Охрид со успешна “генералка” пред стартот на пролетниот дел од ВМФЛ, откако на помошниот терен на СЦ “Билјанини Извори” со убедливи 5:1 го декласира третолигашот Новаци.
Охридскиот второлигаш прв дојде до водство од 1:0, по што Новаци израмни на 1:1.
До крајот на мечот Охрид постигна уште четири погодоци за конечни 5:1.
Во листата на стрелците за Охрид по два пати се запишаа Арбен Тафа и Давид Матески, а еднаш стрелаше и новото засилување Хусеин Демири, а за Новаци погоди Мартин Ризовски.

