ФОТО: Кожуф забележа клучна победа над Локомотива и обезбедува опстанок во Втора лига

Кожуф вчера забележа важна и клучна победа над Локомотива (2:1) со што второлигашот од Гевгелија обезбедува сигурен и директен опстанок во Втората македонска фудбалска лига.

Вчерашниот меч и победа беа клучни за момците на Трајче Сенев, кој по тримуфот над Локомотива стигнаа до седмо сезонско славје.

Дека натпреварот беше важен говори фактот што Локомотива сака да се осигурни на местата кои гарантираат директен опстанок, па за нив трите бодови во Гевгелија беа многу важни, но останаа со празни раце, откако трите бодови останаа дома, па со тоа Кожуф прави шест бода разлика во однос на Локомотива која останува на 12-тото место во дирекниот дуел на овие две екипи.

Кожуф е на 11-тото место со 26 бодови и има 9 бодови повеќе од Каменица Саса која е на 13-тото место односно во бараж зоната.

Кожуф на последните пет натпревари нема пораз, односно има скор од две победи и три ремија, па „четата“ на штипскиот стратег Трајче Сенев со ваква позитивна серија на резултати сигурно оди кон директен опстанок.

Во следното коло Кожуф ќе игра дерби со Каменица Саса во Македонска Каменица, уште еден клучен дуел за двете екипи. „Рударите“ по секоја цена ќе сакаат победа и со тоа евентуален излез од бараж зоната и за првпат да „испливаат“ надвор од зоната за испаѓање, додека пак Кожуф и со реми може да биде задоволен на патот кон директен опстанок, а евентуален триумф ќе стави печат на директен опстанок во второлигашкото друштво.