Фортуна ја декласираше ССК Нова на стартот од пролетниот дел во Трета лига – Север

Фортуна со убедлива победа од 6:0 против ССК Нова ја отвори пролетната полусезона во Третата македонска фудбалска лига – Север.

Домашниот тим важеше за голем фаворит за трите бодови, а истата беше оправдата со перфектна и доминантна игра и со убедлива победа. Уште во првите 45 минути беше најавен победникот, бидејќи Фортуна имаше водство од 3:0, а во вториот дел релаксирано стигна до убедливи 6:0.

Двоен стрелец беше Јакуп Маслани, а по еден гол постигнаа Јасир Мемедовски, Вулнет Мемети, Бујамин Етеми и Шабан Чупи.

Колото ќе биде комплетирано утре.