Варадиновски: Одличната игра не успеавме да ја крунисаме со гол, Вардар тоа знаеше да го казни

Детонит Плачковица на денешното тешко гостување во Маџари загуби од Вардар со 2:0, во рамки на 18. коло од Втората македонска фудбалска лига.

По завршувањето на натпреварот, тренерот на радовишани, Иван Варадиновски, за телевизија М Нет, рече дека одличната игра не успеале да ја крунисаат со гол, а тоа Вардар знаел да го казни, додава дека е задоволен од пристапот и залагањето на играчи, а сега се насочуваат на следните натпревари.

„Одличната игра не успеавме да ја крунисаме со гол, Вардар тоа знаеше да го казни. Задоволен сум од пристапот и залагањето на сите играчи. Се насочуваме на наредните натпревари“, изјави Варадиновски за телевизија М Нет.

Во следното коло Детонит Плачковица на Градскиот стадион во Радовиш ќе го пречека составот на Кожуф од Гевгелија.