
Фудбалскиот клуб Новаци официјално го претстави Марио Дебрешлиоски како ново засилување во своите редови, со што продолжува со јакнење на ростерот во пресрет на продолжението од сезоната. Станува збор за дефанзивен фудбалер, од кого клубот очекува стабилност и сигурност во задната линија.
Дебрешлиоски во Новаци пристигнува од ФК Победа Прилеп, каде што настапуваше во последниот период. Претходно, тој беше и член на ФК Беласица, Пелистер и Караорман.
Роден 2002 година, Дебрешлиоски важи за борбен и дисциплиниран дефанзивец, кој може да одговори на повеќе задачи во одбраната, а се одликува со физичка подготвеност и тактичка одговорност.