
Уште еден голем успех за фудбалскиот клуб Куманова кој стана шампион во ФФМ Детската лига, откако истата беше освоена со генерација 2012.
Во големото финале Куманова го совлада Шкупи, натпревар кој се одигра на терените на ФФМ во Скопје, под водство на тренерот Исмет Зеќири.
Генерација 2012 на фудбалскиот клуб Куманова годинава направи исчекор со освојувањето на трофејот во натпреварувањето во кое лани беше вицепашмпион. Во рамки на финалниот турнир од ФФМ Детската лига учествува 96 екипи поделени во шест натпреварувачки генерации од 2011 до 2016.
Завршницата на ФФМ Детската лига се одигра од 1. до 3. јуни на терените на ФФМ во Скопје, а со тоа заврши и оваа сезона.
Александар Ванев, М-Нет