
Денес на терен на градскит пазар во Штип се одвиваат последните активности односно истиот се доуредува и финализира. Се работи и на нова паркинг површина со која ќе се обезбедат нови 50 паркинг позиции. Зголемената потреба од паркинг места во петок е главната причина поради која се работи и на овој проблем на штипскиот пазар.
До петок се очекува да завршат подготовките и конечно да се овозможат современи услови на пазарот, вели Јорданов од лице место.
„Во тек се активности односо последните активност за завршувањето и дооредувањето на градскиот пазар. Она кое што денеска се работи е нова паркинг површина на предниот дел и на сервисната улица околу градскиот пазар за обезбеување на паркинг простор на некаде околу 50 возила. Главен проблем и главна потреба на сите оние кои го користат градскиот пазар е за време на пазарен ден, обично во петок да биде зголемена потребата за паркирање со ова драстично ќе се подобрат можностите и површината за паркинг простор. Јавното претпријатие ќе има должност да управува за истиот паркинг кој што ќе биде во корист во функција на полузатворениот пазар, за веќе овој петок се очекува да се финализираат другите активности поврзани со пазарот и веќе конечно купувачите и продавачите да имаат посовремени услови за купување и продавање земјоделски производи.“ – изјави Јорданов
Воедно паралелно се работи и на асфалтирање на други позиции во градот, асфалтирање на конзолата на кејот на реката Отиња и до крајот на денот асфалтирање на улицата Астибо.
„Паралелно се работи на асфалтирање на други позиции во градот, асфалтирање на конзолата на кејот на река Отиња и очекувам во текот на денот да се изврши асфалтирање на улицата „Астибо“во Штип.“ – додава Јорданов
Јорданов вели дека градот Штип мора да биде место во кое луѓето мора да имаат современи услови за извршување на секојдневните обврски.
Лаура Стојанова, М-Нет