
Фудбалскиот клуб Брегалница според годишниот извештај за работењето за 2024 година, а во однос на финансиските резултати, има приходи од трансфери во висина од седум и пол милиони денари.
Во делот на вкупните приходи, клубот има остварено приходи од продажба на производи, стоки и услуги на домашен пазар во износ од 203.814 денари, приходи од ваучери и спонзорства во висина од 12.837.831 денари.
Клубот има приходи од субвенции во висина од 183.900 денари, а под ставката други останати приходи износот е 3.753.688 денари.

Брегалница остана во Втората лига откако сезоната ја заврши на четвртото место на табелата, со што ќе игра во второлигашкото друштво и во следната сезона. Македонија ЃП експресно се врати во Првата лига како шампион, Арсими заврши втор и обезбеди историско учество во Прва лига, а Башкими преку бараж ја совлада Беса и по долго години одново е прволигаш.
Брегалница нова шанса за враќање во Првата лига ќе бара следната натпреварувачка сезона 2025/2026.
Новата сезона во Втората лига ќе започне во првата половина од месец август 2025 година.