Баражи за Трета лига – Север: Буковци со Лопате, Беса Сарај против Отља

Денес ќе бидат одиграни два бараж натпревари за влез во Трета лига – Север. На теренот во Агино Село ќе се соочат Бујковци со Лопати од 17 часот, а во ист термин во скопско Кадино ќе се соочат Беса од Сарај со Отља.

Победниците од овие два бараж натпревари ќе бидат нови третолигаши, а екипата на Студеничани директно се пласираше во Трета лига – Север за сезона 2025/2026.

Останува отворено прашањето за влез на уште една екипа поради влезот на Шкендија Арачиново во Втора лига, па така можна е опцијата за нов бараж од поразените екипи од денешните баражи, но тоа не е потврдено официјално и ќе треба да причекаме на конечна одлука.

Александар Ванев, М-Нет