
Фудбалскиот клуб Башкими од Куманово денес излезе со ново соопштение за вчерашниот натпревар кој го одигра во Гевгелија против Кожуф, во 28. коло на Втора лига.
Како што се наведува во самото соопштени, тие играле со цело срце и се труделе до самиот крај да победата.
„Ние игравме со цело срце и се трудевме до самиот крај да победиме.
Отидовме таму за да победиме и нашите играчи дадоа сè од себе за да ја одбранат честа на клубот. Не сакаме да бидеме жртви на надворешни фактори и интриги. Ако има докази и истите се утврдени, виновците нека бидат најстрого казнети но Башкими нема купено, ниту продадено натпревар.
Со почит,
КФ Башкими 1947 / ФК Башкими 1947“, се вели во соопштението на второлигашот од Куманово.
Натпреварот Башкими го доби со 1:2 и така освои три бодови во Гевгелија.