„Фантоми“: Клуб како Кожуф кој постои еден век да јаде ваков срам, нема да дозволиме!

Навивачката група „Фантоми“ од Гевгелија за денес најави собир на градскиот стадион, после вчераниот срамен меч во кој Кожуф загуби од Башкими со резултат од 1:2, а од 28. коло на Втората лига.

Како што наведуваат во соопштението како навивачите бараат итен состанок и одговорност.

„Одговорност! Клуб кој постои 1век да јаде ваков срам нема да дозволиме! Како навивачка група бараме итен состанок и одговорност! Никој нема да биде поштеден! Клуб за кој сме се бореле во општински лиги, сме јаделе куп казни, притисоци, закани и слично! Секогаш сме биле победници ќе бидеме и сега! Ќе се избориме до крај! Кожуф ова не го заслужи! Време е клубот да дојде во наши раце! Тишина пред бура! За сите постапки на групата ќе бидете навремено известени!, велат од навивачката група „Фантоми“.

Од навивачката група „Фантоми“ информираат дека навремено ќе известуваат за сите нивните следни постапки.