
Воска Спорт денес договори ново засилување за пролетната полусезона од Втората македонска фудбалска лига.
Најново засилување во таборот на охриѓани е Ујкан Муча, кој доаѓа од директниот ривал Гостивар.
„Со неговиот ангажман уште еднаш тимски докажуваме дека приоритет ни е ангажманот на младите фудбалери, со што размислуваме во долги фази, но истовремено го бараме и успехот, бидејќи покрај младите фудбалери, челниците на Воска Спорт ангажираат и имиња со проверено искуство, правејќи комбинација помеѓу искуство и талент, што на крајот се надеваме дека ќе го даде вистинскиот плод“, велат од охридскиот второлигаш.
22-годишниот Муча е од Дебар, тој е прозивод на екипата на Кораб, додека како кадет настапуваше во Академија Пандев, каде помина две и пол години. Кратко време настапуваше за младинската екипа на Шкендија, а беше дел и од кампот на швајцарскиот клуб Цирих.