
Синоќа Воска Спорт со 2:1 го загуби финалето од Купот на Македонија од Тиквеш, кој со триумфот си обезбеди и „виза“ за излез во Европа.
Тренерот на охриѓани, Срѓан Захариевски го превзема дебитантот во Првата лига на 20. февруари, од тогаш го издигна клубот и успеа да избори директен опстанок во Првата лига, што беше важна и клучна цел на Воска Спорт.
Захариевски како тренер вторпат во неговата кариера игра финале, првиот пат какот ренер на Металург, тогаш загуби од Работнички, а пред вчерашното финале на прес-конференцијата Захариевски истакна дека како еднаш бил учесник во финале како тренер на Металург, надевајќи се дека сега со Воска Спорт ќе го освои истиот.
Меѓутоа, се случи спротивното, второ финале за Захариевски и второ загубено финале, па ќе остани целта Захариевски по третпат да ја бара среќата за освојување на Куп-финале.
Александар Ванев, М-Нет