Ученици од ООУ „Тошо Арсов“ во М-Нет Телевизија, во ТЕЛКО Штип добија пакетчиња од Дедо Мраз

Во улога на водители, новинари, гости во телевизиска емисија, камермани и техничари, учениците од трето одделение од ООУ „Тошо Арсов“ беа во М-Нет Телевизија. Часовите денес ги реализираа преку практична настава имајќи можност да видат како е да се работи во телевизија, а доколку би работеле во некоја, повеќето се одлучија за позицијата камерман.

По посетата на М-Нет, учениците беа и во салонот на ТЕЛКО во Штип, кои се партнери на М-ТЕЛ компанијата, каде ги дочека Дедо Мраз. На учениците им беа поделени пакетчиња, а пред камерата на М-Нет телевизија ги кажаа и своите новогодишни желби.

Од денешната посета учениците најмногу се радуваа токму на Дедо Мраз и пакетчињата, но велат и дека научиле нови работи.

Посетата на учениците од ООУ „Тошо Арсов“ се реализираше по програмата за трето одделение, која вклучува и мултимедијално искуство, посета на медиуми и компании од областа на телекомуникацијата.

Ребека Спасова М-Нет