
Утре со почеток од 18 часот ќе се одржи настанот „Избор на спортист на град Штип за 2024 година“, кој ќе се одржи во Мултимедијалниот центар на Економскиот факултет во Штип.
Настанот ќе можете да го следите во живо и на М Нет телевизија, а преносот ќе започне во 18 часот.
Ова е период од годината кога најчесто се одржуваат ваквите настани, преку кои спортистите се наградуваат, добиваат признанија, благодарници, за значајните резултати кои ги оствариле за претходната година, секако за да се присетиме и за сите резултати и успеси за 2024 година, а со тоа да се поттикнат и во иднина да имаат уште позначајни резултати.
Александар Ванев, М-Нет