Утре во Штип 1/8 финале од Купот во футсал: Мал Ајакс ја пречекува Црна Река, неизвесно во Крива Паланка!

Утре ќе бидат одиграни три натпревари од осминафиналето од Купот на Македонија, а во Штип ќе се соочат есенскиот шампион во Втората лига, тимот на Мал Ајакс и прволигашот Црна Река од Кавадарци.

Ова ќе биде неизвесен меч каде Мал Ајакс кој има амбиции за враќање во Првата лига ќе биде на тест со прволигашка екипа, па покрај амбиции за следна фаза од Купот ќе се тестираат и амбиции за Прва лига.

Натпреварот ќе се одигра во спортската сала при СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип со почеток од 17 часот, а задолжени за правдата ќе бидат судии Никола Костенчев и Бењамин Ќерими од Скопје.

Утре Партизан Југ од Брвеница ќе се соочи со тимот на Победа од Прилеп, во второлигашко соочување, а пак прволигашко соочување ќе има во Скопје меѓу Јувентус Серава и Клими.

Осминафиналето ќе се комлетира во понеделник со големото дерби на прволигашите Осогово и Проект, кои ќе се соочат во Крива Паланка.

Александар Ванев, М-Нет