
Во текот на утрешниот ден, од страна на фирма овластена од Општина Штип ќе биде спроведено прскање против комарци.
Запрашувањето ќе се врши во период од 02 до 07 часот наутро со специјална апаратура за ладно запрашување. Ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња и подрачјата околу каналиниот систем на територијата на општината.
Ќе се запрашува и во урбаните населби и локалитети.
Од општината ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Во случај на неповолни временски услови дезинсекцијата ќе биде одложена.
БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет