Утре во Карбинци гостува најтрофејниот клуб Вардар на пријателски меч против третолигашот – почеток 17 часот!

ФОТО: АРХИВА

Утре во општина Карбинци ќе биде вистински фудбалски празник – доаѓа најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар на пријателски натпревар против третолигашот Карбинци.

Овој натпревар со сигурност ќе ги исполни трибините на фудбалскиот терен во Карбинци, а интересот повеќе од јасно е дека ќе биде голем, бидејќи доаѓа големиот македонски фудбалски гигант, кој минатата сезона го освои Купот на Македонија и играше во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА, каде во првото коло славеше над Ла Фиорита од Сан Марино, но во второто коло беше елимиран во Швајцарија од Лозана.

Гостувањето на Вардар со сигурност ќе го исполни стадионот во Карбинци, а натпреварот ќе започне во 17 часот, со што многумина ќе имаат можност од источниот дел на Македонија да ги проследат големите фудбалски имиња на Вардар во Карбинци.

Екипата на Карбинци е стабилен третолигаш, а редовно зема учество и во Купот на Македонија, со што потврдува дека е клуб кој е одлично организиран и кој може да одговори на предизвикот да биде домаќин и организатор на Куп натпревар.

Претходно, во Карбинци гостување поранешниот прволигаш Воска Спорт од Охрид во рамки на првото коло од Купот, потоа прволигашот Силекс од Кратово, а годинава Карбинци во Купот на Македонија ќе игра против прволигашот Работнички.

Иако разликата во квалитет е голема, сепак за младите играчи на Карбинци тоа е едно големо искуство, а така ќе биде и на утрешниот пријателски меч против Вардар, многу од младите фудбалери ќе имаат можност да играат против големиот Вардар.

Александар Ванев, М-Нет