Третолигашот Брегалница од Делчево со четири нови засилувања

Екипата на Брегалница од Делчево промовираше четири нови засилувања за новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток.

Се работи за голманот Лазе Гицев, Драган Стоиловски, Томи Станоевски и Марио Илиевски.

20-годишниот Гицев доаѓа од редовите на второлигашот Каменица Саса, а има настапувано и за Осогово, Слога Виница и Карбинци.

Стоиловски е 32-годишен фудбалер кој во Брегалница Делчево носи и меѓународно искуство, бидејќи доаѓа од редовите на швајцарскиот клуб Вигнобл.

Станоевски е повратник во редовите на Брегалница Делчево, тој доаѓа од Кадино, а 25-годишниот фудбалер беше де и од Детонит Плачковица, Карбинци, Малеш, Кит Го од Пехчево и Хоризонт Турново.

16-годишниот Илиевски доаѓа од младинските категории на клубот и сега се приклучува на првиот тим.

Екипата од Делчево се подготува за новата сезона, а во која ќе влезе со амбиции за висок пласман и борба за првото место.

Во новата сезона од Трета лига – Исток ќе настапат 12 екипи, а во истата се очекува многу поголема неизвесност и борба на терените за првото место кое води кон баражот за влез во Втората лига. Во следниот период треба да се одржи ждрепката за утврдување на распоредот за новата сезона, а која ќе започне на 7 септември.

Александар Ванев, М-Нет