
Утре се играат натпреварите од 20. коло од Втората македонска фудбалска лига, а гледачите на телевизија М Нет преку спортскиот канал М Нет Спорт ќе може во живо да го следат соочувањето на Победа и Беласица.
Ланскиот прволигаш од Прилеп е во длабока резултатска криза и грчевито се бори за опстанок во второлигашкото друштво, па така за Победа секој меч до крајот на сезоната ќе биде “финале” за опстанок.
Беласица по двата бода со Беса и Башкими, како и големата победа над Тетекс во Тетово пополека граби кон обезбедување на опстанок, а триумф и три бода за струмичката гордост во Прилеп ќе значи и сигурен опстанок во Втората лига.
Игор Иванов од Велес ќе ја дели правдата на Градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, а преносот на М Нет Спорт ќе започне во 14 часот.
Александар Ванев, М Нет