Утре во ЖИВО на М Нет: Полуфинале од Купот за кадети меѓу Брегалница и Вардар

Утре на Градскиот стадион во Штип ќе се одигра полуфиналето од Купот на Македонија за кадети меѓу Брегалница и Вардар.

Гледачите на телевизија М Нет ќе имаат ексклузивна можност да го проследат овој натпревар кој е дерби меч за обезбедување на „виза“ за големото финале преку директен пренос од 16 часот.

Победникот од овој меч ќе се соочи со победникот од другиот полуфинален меч каде играат Шкупи и Шкендија.

Телевизија М Нет им овозможува на гледачите да уживаат во овој меч на овие млади фудбалери кои се иднина на штипската фудбалска гордост, а Брегалница уште еднаш потврдува дека е одличен организатор и домаќин за вакви натпревари, па покрај оние на стадион, можност да го проследат натпреварот ќе имаат и сите оние кои нема да бидат во можност да дојдат утре на Градски во 16 часот.

Главен судија на мечот ќе биде Игор Иванов од Велес.

Александар Ванев, М-Нет