
Успешната приказна на штипската реномирана компанија „Зендолино“ маркети продолжува со денешното отварање на нов маркет во Скопје. Зендолино за прв пат отвори маркет во Скопје со што се покажува напредокот, квалитетот и вистинскиот начин на работа. Освен во дел од општините во Источниот регион и Струмица, започна со работа и маркетот во Скопје кој е лоциран веднаш наспроти Министерството за внатрешни работи. Влатко Причков, раководител на маркетот истакна дека Зендолино е вистинскиот избор за вашите омилени производи.
„Се наоѓаме во новоотворениот маркет во Скопје. Ние сме бренд кој функционира од 1992 година, имаме маркети во Штип, Кочани, Свети Николе, Струмица и Пробиштип, а сега ќе бидеме достапни и во Скопје. Повелет зошто ние сме најдобри и ќе докажеме дека сме најдобри и дека мислиме на сите вас. Од денес ќе ви станеме омилено место за набавка на вашите домашни и омилени продукти и ве очекуваме.“ – истакна Причков.
Оваа успешна приказна за Зендолино маркетите не завршува овде. Тие се со тенденција и за понатамошно нивно проширување, а она што се нуди од нивна страна е всушност се што им е потребно на крајните купувачи.
„Се потрудивме сите заеднички, тимски да понудиме на муштериите се што им е потребно, соодветни цени, квалитетни производи, насмеани лица, добра услуга и обезбеден паркинг простор“ – додаде Елена Михајловска врботена во „Зендолино“
Зендолино маркетите и во време на пандемија успеаја да продолжат со работа и со многу напор и труд се справија со корона кризата, за денеска да продолжат да се прошируваат и уште еднаш да го покажат својот квалитет и напредок.
Лаура Стојанова М-Нет