
Во мрак и темни улици во 21 век се движат граѓаните од населба Пребег во Општина Штип. И покрај многубројните апели од нивна страна до неколку наназад градоначалници, вклучувајќи го и сегашниот се уште немаат улично осветлување. Велат срамота е да се чека да пристигнат светилки од Чешка, како што им кажуваат надлежните. Бараат под итно решавање на нивниот проблем.
„Требало да дојдат од Чешка па да постават сијалици. Имат стари сијалици што се извадени што може да се постават за да светат. Со луѓето разговарав велат да дојдеме да пуштеме кабел. Тоа е нивни проблем“
„Во 21 век немаме осветлување, деца на училиште праќаме, жена на работа, веќе се случува два пати да имаме напад“
Дополнително на ова пред два дена жена беше нападаната во оваа населба по мрачните улици. И на ова граѓаните реагираат посочувајќи дека не е прв пат и дека мора да се најде решение.
„Беше нападната кога појдов на работа, веќе ме е страв да излезам, треба постојано да бидам со придружба“
Од полицијата го потврдуваат случајо кој кај нив бил пријавен на 21 март во вечерните часови, односно во 21:55 часот. Но, се уште се работи на расчистување на случајот истакна портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова.
Во врска со улично осветлување во населба Пребег одговор побаравме од директорот на ЈП Стипион, Игор Ефтимов. Тој истакна дека континуирано се работи на уличното осветлување.
„Досега се работи на промени на постоечките светилки, но и се осветлени нови места како крстот на Исарот и тврдината Исар. Се работи на промена на светилките на патеката, но има многу места кои воопшто немаат осветлување и само ги замолуваме граѓаните за трпени бидејќи нешто што 20 години не било направено не може да за четири месеци да се постигне. Но, за пофалба е дека градот свети како никогаш досега!“ – вели Ефтимов.
Истовремено тој не упати до одговорното лице од економскиот оператор за промена на уличното осветлување. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија и Гоце Митревски повика на трпение од граѓаните посочувајќи дека се работи на случајот. Како одговорен за уличното осветлување тој додаде дека е запознаен со проблемот, но кажа дека моментално немаат на располагање светилки и чекаат да пристигнат нови 100 до 150 светики во текот на наредните денови. Со тоа сите делови од градот под Исарот ќе бидат целосно осветлени.
Лаура Стојанова М-Нет