Угостителските објекти бараат работници, според ДЗС недостасуваат над 2 500 келнери, шанекри

Актуелната приказна за недостатокот на работната сила во Македонија и понатаму претставува пречка во општеството. Согласно податоците од државниот завод за статистика најмногу работни места се бараат во услужните дејности и продажба и тоа за 2 543 места. Ваквата ситуација се должи на поголемото мигрирање надвор од границите, но и послабата заработувачка во државата. Дека ваквата ситуација е загрижувачка, сведочат и граѓаните на Штип. Пред камерите на М-Нет телевизија, велат дека Австрија, Германија, Италија и Хрватска, се најпривлечните дестинации каде младите мигрираат.

“Ќе има сигурна сум, мојот внук е четири години во Хрватска, ќерка ми е во Хрватска, сега пак шест месеци и еве две години во хотел работи, ама тоа е, а внукот е четири години во Хрватска.“, додаваа граѓаните

“И моето дете е горе во Германија, нема пари, сам е, ама за разлика од тука останува некој денар, а тоа сам, без деца и останува некој денар.“,истакнаа граѓаните

“Зедов 10 000 евра за 5 месеца, а тука немам ниту пензија, ниту ништо, а сега да можам пак ќе одам. Овде нема живот.“ , велат граѓание

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2024 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.95 %.

Највисока стапка на слободни работни места од 3.68 % има секторот З – Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот за Јавна управа и одбрана

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.69 %, додека Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.55 %.

Лаура Стојанова, М-Нет