
Одбојкарската сезона за Кадети по неколку одлагања конечно ќе ја има својата завршница со организирање на завршниот фајнал -фор турнир. Според информациите од Секретарот на Штип УГД, Методи Папаров технички организатор на завршното разигрување ќе биде УГД Штип, но поради зафатеност на спортската сала Јордан Мијалков, турнирот ќе се одржи во Струмица. Имено таму во салата Парк се подготвуваше машката репрезентација на Македонија и се е прилагодено за одбојкаркиот настан – турнирот за Кадети. Овој турнир ќе се одржи во недела со одигрување на полуфииналните мечеви а во текот на истиот ден ќе се одигра натпреварот за трето место како и финалниот меч. За полуфиналето се следните двојки:
- Штип УГД – Мастер Волеј (Скопје)
- Јанта Волеј ( Скопје) – Весна Пробиштип
Ова е убава можност штипските одбојкарски Кадети да се закитат со шамионскиот трофеј од едноставна причина што истата оваа екипа игра одлично во континуитет и минатата сезона беше шампион на Македонија во Пионерска конкуренција.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk