Тројца починати пациенти во Штип, хоспитализитани 41 пациент

Три починати лица за едно деноноќие регистрирани во Клиничка болница Штип како резултат на компликации од Ковид 19, информираат од болницата. Едно од починатите лица е од Виница на 47 годишна возраст и две лица од Штип на 58 и 67 годишна возраст.

Осум оздравени и испишани пациенти од Ковид – 19 се регистрирани таму, но забележани се и пет нови приеми. Таму имаше 49 хоспитализирани пациенти, а во текот на вчерашниот ден статистиката била 35 пациенти во модуларната болница и 6 на кожно одделение. Од нив дури 31 пациент биле со тешка клиничка слика и имале потреба од кислородна поддршка, а извршени се 72 амбулантски прегледи. Во модуларната болница во Штип има 12 слободни места, информира портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

На територија на цела држава заклучно со вчерашниот ден регистирани се 722 нови случаи на Ковид – 19. Од нив 21 во Штип, 13 во Кочани, 6 во Делчево, по 3 во Берово, Македонска Каменица и Пробиштип и 2 во Виница.

Од оздравените 574 пациенти, 13 се од Кочани, 11 од Штип, 3 од Виница, по 2 од Пробиштип и Македонска Каменица и 1 од Делчево.

Регистрирани се и 26 починати лица од кои 20 во болнички услови, а 6 во домашни услови. Бројката на оздравени пациенти достигна скоро 158.000, на починати надмина 6.000, а бројката на активни случаи достигна 15.000.

Ребека Спасова МНет