Тротоарите во Кочани и Гвегелија ќе бидат поплочувани со еколошки плочки од пластичен отпад

Отпадот е тор понор и емитер на стакленички гасови кој се наоѓа веднаш зад секторот енергетика во нашата држава. Со цел искористување на пластичниот отпад, започнат е проект со кој тротоарите во Гевгелија и Кочани ќе бидат поплочени со еколошки плочки од отпадна пластика. Овој проект е во реализација од страна наЗдружението за заштита на животна средина и едукација на деца и млади „Еко лајф“ Гевгелија, паралелно со друг проект на здруженито „Еко тим Исток“ од Коачни.

Идејата за производство на плочки за надворешно уредување е преземена од Ерменија исто како и технологијата, а веќе е познат и начинот на кои пластичниот отпад ќе се преработува за добивање на еколошки плочки.

Придобивките од ваквиот проект е тоа што количините отпад што че бидат соберени од општините Гевгелија и Кочани ќе се наменат за производство на еко плочки и се очекува да бидат собрани и рециклирани околу 20%  отпадна ПЕТ пластика, со што би се намалиле 11 тони емисија на ЦО2. Проектот е започнат во април и се очекува до септември годинава да започне производството на еко плочки. Проектот е финансиран од Глобалниот еколошки фонд, Програма за мали грантови.

Лаура Стојанова М-Нет