Продолжува ревакцинацијата во Штип, граѓаните денеска го почитуваат закажниот термин, гужвата минимална

Продолжува ревакцинацијата со кинеската вакцина „синофарм“ во салата „Јордан Мијалков“ во Штип. Во меѓувреме 100 нови пациенти примаат прва доза вакцина од производителот „Фајзер“. За разлика од саботата кога во редици се чекаше за да се седне на столче за вакцина, денеска ситуацијата беше по мирна. Гужвата беше редуцирана и поголемиот дел од граѓаните го почитуваа закажаниот термин за ревакцинација или вакцинација.

Од утре сигурно останува дека продолжува ревакцинацијата, а најави дали ќе има лица кои ќе примаат прва доза вакцина или не сеуте не се знае.

Според Постолов има доволна количина на вакцини, а во континуитет пристигнуваат нови вакцини. Граѓаните кои веќе примиле и втора доза вакцина задооволни и од персоналот и од организацијата.

Според информации од Министерството за здравство вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вкупно се аплицирани 315.781 дози вакцини, а ревакцинирани се 81.273 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 431.770 граѓани.

Лаура Стојанова М-Нет