Три месеци по трагедијата во Кочани – во градот владее болка и тага, кобниот 16 Март нема да се заборави

Три месеци по трагедијата во Кочани, сончев ден ама градот завиен во неподнослива болка и тага. Граѓаните со наведнати глави, расположението речиси неприметно, солзи во очите и млади ангели кои вечно ќе живеат во срцата на граѓаните. Три месеци по кобниот 16 март, граѓаните на терен во Кочани велат ситуацијата е лоша. Нема промени, градот замре, граѓаните со скршени срца жалат за трагедијата која зема 62 млади лица.

„Во Кочани се оде на полошо и од ден на ден се пропаѓа. Ќе треба многу време да помине за да биде подобро. Една генерација отиде. И тие што се повредени сакаат да се иселат што побргу од државата“ – велат граѓаните.

Три месеци по трагедијата во дискотеката Пулс, заврши истрагата со можност истата да се проширува. Осомничени се 34 физички и три правни лица, но се уште се собираат докази со цел да одоговараат сите кои имаат поврзаност со пожарот.

Семејствата на настараданите секоја сабоота маршираат по кочанските улици барајќи одоговори и правда за нивните починати ангели.

Се прават и напори за повредените да имаат соодветни услови за лекување. Повредените кои се враќаат од странство одат на рехабилитација, преуредено е и одморалиштето Пониква, а започна и реконструкцијата на кочанската Општа болница.

Но, центарот на градот остана празен, лицата на граѓаните сведочат за една трагедија од најголеми размери која го зави Кочани во црно.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет