
Денес беа одиграни од 25. коло од Втората лига, каде имавте можност да проследите два натпревари на телевизија М Нет преку ексклузивни преноси од Радовиш и Македонска Каменица.
На Градскиот стадион во Радовиш се одигра дербито на Истокот меѓу Детонит Плачковица и Беласица кое заврши со минимална победа за домашниот тим од 1:0 со атрактивен гол на Стефан Бабунски.
Во Македонска Каменица се играше дерби за опстанок меѓу Каменица Саса и Новаци, а каде гостинот се разбуди и конечно триумфираше со 1:3 над “рударите”. Стефановски погоди за 0:1, а веќе во 40. минута Јовановски со гол од 60-тина метри ја стресе мрежата на противникот за 0:2 на полувреме.
Алиев заработи црвен картон и беше исклучен од игра, а потоа голгетерот Дуков погоди за конечни 1:3, а потоа и гостинскиот тренер Дарко Крстев доби црвен картон.

Полошко дерби се играше во Голема Речица меѓу Арсими и лидерот Беса каде екипата на Александар Таневски со 0:2 го доби овој меч. Стрелци овде беа Скендери и Хамза.
Во Битола се соочија Пелистер и Охрид каде битолчани со 1:0 го добија противникот, а со голот на Благоја Љамчевски.
Во Гевгелија, екипата на Кожуф го пречека тимот на Осогово каде домашниот тим со двата гола на Благој Стојанов стигна до победа од 2:0.
Во Струга се играше дерби за опстанок меѓу Струга и Победа каде ланскиот прволигаш беше подобар со 0:2 со головите на Адили и Шаркоски.
На “Железарница” во Автокоманда се соочија ланскиот прволигаш Скопје и Тетекс каде домашниот тим со 2:0 беше подобар, а стрелци овде беа Кировски и Кочоски.
Во Неготино силите ги одмерија Вардар и Башкими, а домашниот тим со голот на Зумровски беше минимални подобар (1:0).
Александар Ванев, М-Нет