
Есенскиот шампион во Трета лига – Север, екипата на Шкендија Арачиново за пролетниот дел од сезоната е посилна со уште двајца нови играчи. Се работи за Омер Сулејмани и Адем Бајрами.
Дефанзивецот Бајрами кој има 18 години потекнува од фудбалската школа на Шкупи, додека пак Сулејамни, кој е роден 2005 година настапува на позицијата лево крило, а со себе носи меѓународно искуство настапувајќи во шампионатите на Косово и Албанија.
Шкендија Арачиново е на врвот од табелата со 37 бодови и има повеќе од осум во однос на Фортуна која е втора на табелата. Во пролетниот дел Шкендија од Арачиново без проблеми ќе го потврди првото место, а со тоа ќе го обезбеди и баражот за можен влез во Втората македонска фудбалска лига.
Како што е познато петте шампиони од Трета лига – Југозапад, Запад, Север, Југ и Исток заедно со второлигашот кој ќе заврши на 14-тото место во Втора лига ќе играат во баражот за Втората лига.
Пролетниот дел од сезоната екипата на Шкендија Арачиново го отвара против БВК Коњаре на домашен терен.
Александар Ванев, М-Нет