Третолигашот Шкендија Арачиново го претстави Бесир Бафтијар, кој носи меѓународно искуство од Спарта Прага!

Есенкиот шампион во Трета лига – Север, екипата на Шкендија Арачиново го претстави 23-годишниот Бесир Бафтијар, централен играч за врска, поранешен репрезентативец на Македонија до 19 години, како ново зимско засилување за пролетната полусезона.

Тимот на Шкендија Арачиново повеќе од јасно ќе го потврди првото место во Трета лига – Север, па веќе фокусот е на баражот за Втора лига.

Новото засилување носи искуство настапувајќи за екипите на Гостивар и Спарта Прага од Чешка што ќе биде од голема важност за Шкендија Арачиново особено за баражот за влез во Втора лига.

Бафтијар стави потпис на шестмесечен договор со Шкендија Арачиново, која во следните денови ќе се засилува и со други играчи, а претходно беше промовиран Фикрет Љиварека од второлигаш Осогово од Кочани. Шкендија Арачиново веќе го крои тимот со кој ќе влезе во баражот и да ја оствари посакуваната цел, а тоа е влез во Втора лига, откако минатата сезона не успеа за малку го освои првото место и бараж, завршувајќи на второто место, зад Куманово кој не го помина баражот.

Александар Ванев, М-Нет