Третолигашите првото полувреме мора да го завршат тројца фудбалери под 21 година!

ФОТО: АРХИВА

Според пропозициите за новата сезона 2025/2026 во Третата македонска фудбалска лига, младите фудбалери добиваат поголем простор за минутажа. Согласно член 21б од пропозициите за Трета лига, а во став еден се вели дека во записникот од натпреварот, клубовите учесници во Третите лиги мораат да имаат во составот четири фудбалери кои немаат навршено 21 година.

Во ставот два од истиот член е дефинирано дека сите клубови учесници во Третите лиги, натпреварот мора да го започнат и завршат првото полувреме со најмалку три фудбалери кои немаат наврешено 21 година, односно се фудбалери под 21 година.

Исклучок од ова се прави само од причини поврзани со епидемија или пандеми, односно екипата остане со 11 фудбалери кои не може да настапат.

За фудбалери под 21 година за сезона 2025/2026 се сметаат фудбалерите родени на 1 јануари 2024 година и имаат право да настапувааткако фудбалери под 21 година за времетраење на целата натпреварувачка година. Во Трета лига не дозволено да настапат странци, а во временски период од 48 часа, фудбалерите имаат право да настапат на најмногу три полувремиња, од кои најмногу две полувремиња за период од 24 часот.

Третата македонска фудбалска лига е организирана во пет региони односно Исток, Запад, Југозапад, Север и Југ, а од сезона 2026/2027 ќе се воведе и шести регион.

Александар Ванев, М-Нет