Трета лига – Исток: Лидерот Малеш ќе гостува на Спартмани а во Чешиново ќе гостува Брегалница од Делчево

Мошне интересно и возбудливо се очекува да бидат натпреварите од 8 коло во ТМФЛ – Исток. Лидерот Малеш од Берово ќе гостува во Градско Балдовци на петопласираниот на табелата Спартмани и го очекува неизвесна борба. Малеш е секако фаворит, но топката е тркалеста и можни се секакви изненадувања. Неизвесно и интересно ќе биде и во Чешиново каде што ќе гостува екипата на Брегалница од Делчево во борба за второто место на табелата.Еве ги комплетните парови за ова 8 коло:

  1. Василево – Хоризонт
  2. Тиверија – Детонит
  3. Работник – Овче Поле
  4. Чешиново – Брегалница
  5. Раклиш – Карбинци
  6. Спартмани – Малеш

Сите натпревари ќе се одиграат во недела 29 ноември 2020 г. со почеток во 13.00 ч. без присуство на публика.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk