
Владата донесе одлука за ограничување на највисоката трговска маржа на училишниот прибор и со ова ќе се намалат трошоците на илјадници семејства Затоа што месец септември е најсакпиот месец за секој родител, а почетокот на учебната година го празни џебот во секое семејство каде децата на први септември ја започнуваат училишната година.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вчера истакна дека има план за лимитирање на цените на училишниот прибор, а денес одлуката е усвоена. На големо маржата ќе биде ограничена на 5, а на мало до 10 отсто. Со ваквата одлука се олеснуваат трошоците, но воедно им се овозможува на сите родители да можат да обезбедат училишен прибор, односно неопходен материјал за учење и пишување на своите дечиња на почетокот на учебната година.
Анкетираните штипјани за М-Нет телевизија со поделено мислење. Едни сметаат дека ваквите одлуки од страна на владата се многу корисни, а други пак велат дека ваквата одлука требала да се реализира многу порано, затоа што родителите веќе ги спремале своите дечиња за улилиште.
“Па, добро е се што се однесува околу намалување на цените е добро. Е нема грешка, тоа не бива се се купиле сега родителите. Треба да кажат што и како треба, книги па за да се купе. Не е касно во ред си е.“ – изјавиа граѓаните
„Треба да се замрзнат цените за училишниот прибор на учениците пред две – три недели. Веќе кога родителите купија училишен прибор, владата најави дека ќе се лимитират цените.“ – додаваат граѓаните
Инаку просечно за купување на десет тетратки по триесет денари родителите од својот буџет треба да одвојат околу 300 денари, дополнително купување на училишен ранец, блок, бојци, фломастери, острилки, гуми и слично.
Лаура Стојанова, М-Нет телевизија