
Четврта година по ред, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Штип организира традиционална крводарителска акција по повод Денот на македонската револуционерна борба. Просториите на комитетот денеска се отворени од 9 до 14 часот за сите граѓани кои сакаат да ја даруваат скапоцената течност. Оваа хуманитарна иницијатива годинава се спроведува под пораката „Подари го она највредното, подари живот“. Претседателот на локалниот комитет, Душко Иванов, го честиташе празникот 23 Октомври и упати јавен повик за масовност до своите сограѓани.
,,Веќе четврта година по ред ОК ВМРО ДПМНЕ Штип по повод денот на македоснката револуцеонерна борба организира крводарителска акција. Од тие причини ги повикувам сите граѓани кои што се во можност, просториите на општинскиот комитет ќе бидат отворени и се отворени веќе денес од 9 часот до 14 часот и секој кој што е во можност го повикуваме да дарува крв, да ја дарува скапоцената течност. Мотото на годишната акција подари го она највредното, подари живот и на крајот би сакал да го честитам празникот 23 октомври, денот на македонската револуционерна борба на сите наши сограѓани.“, вели Иванов
Граѓаните од акцијата порачаа дека дарувањето крв е наша заедничка обврска, бидејќи никој од нас не знае што носи утрешниот ден. Крводарителите потсетија дека секој еден може во секунда да стане пациент, па затоа е најважно да сe помогне и да се спаси живот додека има можност.
,,Денес и јас се приклучувам кон крводарителската акција, сакам да ги повикам граѓаните кои што се можност, бидејки не знамее кога и ние ќе бидеме потенцијални пациенти и кога истата ќе ни затреба.“, рече Ушинова
,,Од голема важност е дарувањето крв за нив, за нас не толку што даруваме, но за некој што во тој момент му е потребна е од најголема важност.“, велат граѓаните
Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Штип најавија дека и во иднина ќе продолжат со вакви хуманитарни акции, со цел да им се помогне на сите граѓани на кои им е најпотребно.
Иван Митев, М-Нет