ТППЕ Кочани со двојно помал број вработени пожарникари од потребниот

Двојно е намален бројот на вработени во ТППЕ Кочани. Согласно бројот на жители во противпожарната единица би требало да бидат вработени 32 пожарникари, а во моментот има само 16. Доколку ништо не се промени, ситуацијата ќе биде доста поалармантна за пет до шест години кога во пензија ќе заминат седум пожарникари. Командирот на ТППЕ Кочани, Драган Апосотолов апелира до надлежните да преземат мерки по однос прашањето за вработување за да не се најдат во ситуација да нема пожарникари за интервенција.

„Ситуацијата од 2018 година нашата единциа се состои од 16 луѓе, морам тоа да го истакнам дека за пет до шест години од нашата единица ќе заминат околу седум души во пензија, имајќи ја предвид старосната граница од 49 години. Ова нека биде еден апел до надлежните дека нешто мора да се преземе по овој сегмент за вработување.“ – вели Апостолов.

И покрај многубројните апели, бројките покажуваат дека бројот на пожари на отворено е зголемен, а најмногу интервенции ТППЕ Кочани изминатиот период бележи на територијата на Општина Чешиново – Облешево и Општина Зрновци.

„Како територијална противпожарна единица на град Кочани и покрај многуте апели и укажувања кои ги испраќаме до граѓаните, евидентната состојба е дека имаме зголемување на бројот на пожари на отворен простор со палење на стрништа и сува трева. Најголем дел од интервенциите се на територија на Општина Чешиново Облешево и Зрновци.“ – додава Апостолов.

Дополнителено треба обнова на возниот парк, а моментално недостасува возило за дотур на вода на постоечките возила.

Лаура Стојанова М-Нет