Кој се проектите на кој ќе се работи во општините од Истокот?

Се работи на низа проекти во Источниот дел од државата кои веќе се одобрени од Источно планскиот регион и Бирото за регионален развој. Започна поплочувањето на улиците во автентичен стил во штипско Ново Село, во завршна фаза е изградбата на спортско игралиште на Равна река, интезивно се работи на реконструкција на Сината сала во Виница, а во зсвршна фаза е и осветлувањето на локалитетот Баргала, а се уредуваат и каналите за наводнува на виничка и морошка вада. Со заштедените пари пак ќе се подготвуваат нови технички документации за нови проекти.

„Заштедените средства од претходните години Министерството за Локална самоуправа и Бирото за регионален развој ни ги одобрија за изработка на технички документации. Ќе се работи на технички документации за водоснабдување на Голак, комплетна реконструкција на Дом на култура, објект за пливачки спортови на Беровско езеро, патека на оризот во Кочани“ – вели Ангелова.

Неколку проекти кои се од суштинско значење за општините во Истокот се поднесени во март годинава и се очекува нивно одобрување за истите да може да се реализираат во предиодот кој претстои.

„Во март оваа година се поднесени проекти за регулација на кортито на река Брегалница во Општина Делчево, апликацијата за фотоволтаици на јавни објекти, ухнапредување на туристичката понуда во нашиот регион, предвидени рекреативни содржини и интенцијата ни беше на места каде има потенцијал да се даде содржина. Таму ни се Пишица, остатокот од улиците во Ново Село“ – додава Ангелова.

Од ИПР посочуваат дека општините во Источниот регион постојано работат на технички документации, со цел да се понудат проекти секогаш кога се јавува извор за финансирање.

Лаура Стоајнова М-Нет