
Со комплетирањето на сезоната во Трета лига – Исток позната е листата на најдобрите стрелци.
Тоше Манов, фудбалерот на Овче Поле е најдобар стрелец со постигнати 21 гол, со што беше убедлив оваа сезона, а втор најдобар стрелец на Истокот е Марио Атанасовски, фудбалерот на Карбинци постигна 16 погодоци, пет помалку од најдобриот стрелец.
Никола Костадинов од екипата на Победа Валандово постигна девет гола, а по осум гола поситгнаа Јован Дојчинов и Кристијан Крстов од екипата на Брегалница Делчево, Марјан Костадинов и Крсте Тодоров од екипата на Ударник, како и Ристо Миленковиќ од екипата на Победа Валандово.
По седум погодоци во сезоната која измина постигнаа Димче Јовов од екипата на Хоризонт Турново, Адријан Спасиќ од Ударник и Ѓорѓи Султанов од тимот на Овче Поле.
Автоголови оваа сезона си постигнаа Виктор Андреевски од Малеш, Глигор Атанасов ид Тиверија, фудбалерите на Карбинци, Тоше Спиридонов и Тоше Стојанов и Костадин Танев од Дојранско Езеро.
Екипата на Победа Валандово заврши на првото место и го доби шампионскиот пехар, но во баражот загуби од Камјани, шампионот на Трета лига – Запад со резултат од 2:0. Со тоа екипата од Валандово останува и следната сезона во Трета лига – Исток.
Александар Ванев, М-Нет