
Константа е бројката на деца од предучилишна возраст кои имаат проблеми со говорот. Најчесто децата имаат нормален развој, но имаат проблеми со говорот, или пак одлично разбираат но не можат да се изразат. Логопедите велат дека ако детето почне да зборува покасно, тогаш најчесто има проблеми со говорот. Затоа апелираат родителите да соработуваат со стручни лица, навремено да посетат логопед со цел дечињата да немаат последици со говорот понатаму.
„Детето има нормален развој, но имаат проблеми со изговор на некој гласови. Потребно е да се обрати поголемо внимание и навремено, од 4 ипол до 6 годишна возраст.“ вели Андоноска.
Големо негативно влијание имаат и телефоните, таблетите и компјутерите. Честа слика е вели Андоноска децата прво да научат англиски јазик потоа македонски. Затоа децидна е дека родителите треба да им посветуваат повеќе внимание на своите деца и да не ги оставаат долго со мобилните телефони.
„Има деца кои прво го учат на пример англискиот јазик, а македонскиот јазик не го употребуваат. За да биде развојот на детето правилен, стабилен со добро развиени годоврни способности треба родителите повеќе време да одвојуваат за децата, дури и при играта со нив“ – додава Андоноска.
Со цел детето да може да развие подобар поврзан говор, да научи нови зборови и за да ги употребува потеебно е дигиталните уреди да се заменат со раскажување приказни, комуникација со децата, велат логопедите. Детето го препознава гласот на родителот и токму затоа најважно е да има интеракција, а со тоа да се намалат и проблемите со говорот кај децата.
Лаура Стојанова, М-Нет