
Познатата баба Јана од карбинско Таринци е причина селото да има своја црква. По божја промисла и нејзе Бог и дал искушен пат низ кој таа успеала да се протне и достојно да ја покаже својата чиста и скромна душа со цел таа биде негов слуга. Свети Димитрија е нејзината судбина која ја привлече баба Јана од секојдневнието за да го изгрди малото манастирче, до кое сега се гради и ново. За жал таа сега не е помеѓу нас, ама за среќа има свои наследници кои и ден денеска го оддржуваат божјот дом, колку што можат.
“Многу се мачи таа што ја одржуваше црквата баба Јана, домакинката на самата црква. Одивме во општината за да им одобрат за да градиме црква. Ставивме темели овде, ама жената се многу мачеше, мајката на Димка. На сон и се јави, никој не и признаваше дека треба да се гради црква. Еден пат ојдовме во Жиганци на една црква, се поздравивме со сите за да си одиме, а имаше голче со вода, а она како што помина падна. Јас се исплашив, почнам да пискам, а жените ми велеа тетко не се плаши. Ја оставија на страна, ја прекадија и одеднаш се разбуди. Додека беше во несвест постојано вечеше Свети Димитрија, Свети Димитрија, Свети Димитрија.“, велат жителите
Овде народот некогаш бил сложен и братски еден за друг, па затоа секој од таму помогнал за да ова место сега изгледа вака.
“Потоа започна да ми кажува, ми велеше дека овде треба да гради црква и од граматки собиравме и ја направивме оваа одаичка и започна народот да си доага, ама ние тогаш бевме многу народ во самото село. Сега нема толку, ама тогаш во секоја куќа имаше по десеттина луѓе. Порано не доаѓаа, ама сега започнаа повеќе. Ќе се изграде сега еве и нова црквичка и така со мака . Славиме и на Свети Илија, ама главното е сега.“, додаваат жителите
И овде неизоставен дел од традицијата на македонецот се обичаите, па тогаш лугето имале многу поголм почит кон својот народ и својата вера.
“На свети Илија една година ние немавме дожд, беше многу суша и ние што работевме жените овде. Се обрековме да направиме курбан.“, истакнаа жителите
Црквата сега ја оддржуваат и чистат големата фамилија на баба Јана. Сега тие со пренесените знаења од својата мајка го негуваат духот на оваа црква, кој е неверојатен за секој посетител.
Лаура Стојанова, М-Нет